Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ќе ја поддржи изградбата и електрификацијата на железничката пруга Драч-Рогожина, дел од Коридорот 8, одобрувајќи ` на Албанија заем од 30 милиони евра.
„Ова е дополнителен заем по оној од 30 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и 60 милиони евра во инвестициски грантови и техничка помош од ЕУ преку инвестициската рамка за Западен Балкан, кои беа потпишани во април годинава. Вкупниот фонд на интервенција во овој железнички сегмент е 120,5 милиони евра, објави abcnews.al.
Стратешкиот проект предвидува рехабилитација, доизградба и електрификација на приближно 34 километри железничка пруга помеѓу пристанишниот град Драч и Рогожина во Албанија, вклучувајќи ја и реконструкцијата на објектите на железничките станици.
Откако ќе биде завршен овој проект, возовите ќе можат да се движат со брзина до 120 км/ч. Тоа означува важен чекор во напорите на Албанија за модернизација на железничката мрежа, подобрување на регионалната поврзаност и усогласување со транспортните и еколошките стандарди на ЕУ.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖