Background

Европратеникот Георге Пипереа од редовите на романската десно популистичка Алијанса за Унија на Романците (АУР) пред Судот на правдата на ЕУ поднесе тужба за клевета против претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен

Европратеникот Георге Пипереа од редовите на романската десно популистичка Алијанса за Унија на Романците (АУР) пред Судот на правдата на ЕУ поднесе тужба за клевета против претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Пипереа смета дека Фон дер Лајен го наклеветила со изјавата со која имплицира дека работи по диктат на Москва, дадена за време на дебатата во јули по иницијативата на романскиот европратеник за изгласување недоверба на Еврокомисијата.

Според Пипереа, за време на дебатата Фон дер Лајен изнела лични напади кон него со изјавите дека иницијаторите за гласањето недоверба се „пријатели на (рускиот претседател Владимир) Путин“ и „екстремисти“ и дека пропагираат „теории на заговор“.

- Advertisement -
Ad image

Пипереа тврди дека кон тужбата за клевета против Фон дер Лајен се приклучиле и „значителен број“ од европратениците кои со свои потписи ја поддржаа неговата неуспешна иницијатива за недоверба.

Романскиот европратеник, кој е дел од десничарската група Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР), со тужбата бара официјално извинување од Фон дер Лајен за „искажаните клевети“.

Тужбата е доставена до Судот на правдата на ЕУ, кој сега треба да реши дали ќе ја прифати.

По правило, ваквите постапки се водат пред националните судови на земјите членки, но Пипереа за својата одлука да ја поднесе тужбата пред Судот на ЕУ се повикува на член од Договорот за основање на Европската Унија, според кој Трибуналот решава за прашања за „надомест за каква било штета предизвикана од институциите или службениците на ЕУ при извршувањето на нивните должности“.

Во обраќањето на дебатата во ЕП по иницијативата на Пипереа во јули, Фон дер Лајен рече дека неговите аргументи како да се земени „директно од најстариот прирачник на екстремистите“.

– Ја гледаме алармантната закана од екстремистичките партии кои сакаат да ги поларизираат нашите општества со дезинформации, рече тогаш Фон дер Лајен, тврдејќи дека има доволно докази оти многумина од потписниците на иницијативата се поддржани од непријателите на ЕУ и од „нивните господари во Русија или на други места“.

Во дисквалификациите при дебатата не заостана ниту сопартиецот на Фон дер Лајен, лидерот на Европската народна партија (ЕПП), Манфред Вебер, кој потписниците на иницијативата ги опиша како „марионети на Путин“, нагласувајќи дека „на Путин ќе му се допадне она што неговите пријатели го прават“ во ЕП.

Потписниците на предлогот како „сојузници на Путин“ во своето обраќање ги оквалификува и лидерката на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), Ираче Гарсија.

Во предлогот за изгласување недоверба на Еврокомисијата, Пипереа ја обвини Фон дер Лајен за злоупотреба на функцијата при договарањето на набавката на вакцини против корона вирусот од американскиот фармацевтски гигант „Фајзер“ за време на Ковид пандемијата. Романскиот европратеник, исто така, ја обвини Комисијата и за „недемократско“ однесување, дека носи одлуки што ја засегаат цела ЕУ на „нетранспарентен и дискреционен“ начин и дека создава „сомнежи за злоупотреби и корупција“.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation