Background

Европа разбира дека не смее да има застој, вели Марта Кос

Европската комисија го заврши скрининг процесот со Украина и Молдавија и веќе во ноември Советот на ЕУ би можел да донесе одлука за почеток на преговорите со двете земји по шесте преговарачки кластери, изјави денеска во Луксембург еврокомесарката за проширување Марта Кос при пристигнувањето на состанокот на Советот за надворешни работи на Унијата.

Според неа, двете земји го забрзаа спроведувањето на реформите, се справуваат со корупцијата, ги зајакнуваат институциите и ги почитуваат принципите на владеењето на правото.

– Уверена сум дека земјите членки нема да сакаат да видат како сето тоа запира, бидејќи ако застанеме сега, тоа е нешто што би ѝ помогнало на Русија – додаде Кос.

- Advertisement -
Ad image

На прашање како Европската комисија планира да го надмине ветото од страна на Унгарија за старт на преговорите на ЕУ со Украина, Кос истакна дека се разгледуваат сите можности и дека ќе се продолжи во тој правец, потенцирајќи дека проширувањето е принцип базиран на заслуги и Киев испорача во тој правец.

– Унгарија не се спротивстави на давањето статус на кандидат за членство на Украина, па затоа и сега очекувам унгарска поддршка за го отвориме првиот кластер, а потоа и сите други. Ако Унгарија е загрижена за унгарското малцинството во Украина, можеме да се справиме со тоа во рамки на Кластерот Еден – рече Кос.

Таа додаде дека пред неколку недели ја посетила областа во Украина каде живее унгарското малцинства и разговарала со нивните претставници, при што, како што рече, ниту еден од нив не се пожалил на она што го тврди Унгарија.

Во врска со користењето на замрзнатите руски средства за поддршка на Украина, Кос рече дека тоа е прашање за кое се дискутира и се разгледуваат правно заснованите можности за реализација на таа идеја за доброто на Европската Унија и на нејзините земји членки.

Еврокомесарката за проширување додаде дека покрај за европските перспективи на Украина и Молдавија, на состанок ќе стане збор и за „загрижувачките случувања во Грузија“,

– Народот на Грузија на последните три избори и преку тековните протести кажува, а и анкетите покажуваат, дека сака европската иднина, но тоа не го сака и Владата. Нивната Влада очигледно не го слуша сопствениот народ и не сака да оди по европскиот пат – рече Кос.

Таа додаде дека противниците на грузиската Влада се затворани, а се замолчуваат новинарите и организациите на граѓанското општество.

– Во исто време, од оние кои се на власт се промовираат дезинформации против Европа и Европската Унија. Ги осудуваме тие лажни наративи и сите напади врз европските институции, врз претставниците на европските институции и нашите земји членки и ја повикуваме Владата на Грузија да го слушне својот народ, да биде инклузивна, да разговара со граѓанското општество и да ја следи нивната желба да станат дел од Европа – истакна Кос.

Таа додаде и дека со договорот меѓу Ерменија и Азербејџан првпат се добива можност да се воспостави мир во целиот кавкаски регион, што отвора перспективи преку тоа подрачје Европа да гради нови инфраструктури на поврзување со Централна Азија, откако трговските патишта низ Русија што претходно ги поврзуваа беа затворени со руската агресија врз Украина.

– Во денешната геополитичка ситуација многу е важно да можеме да сметаме на добри партнерства и да имаме заеднички инфраструктурни проекти, што би значело ние Европејците да станеме помалку зависни во областа на енергетиката, трговијата… Мислам дека повеќе опции ќе значат поголема независност за цела Европа – додаде Кос.

Според неа, во тој правец ќе биде и денешниот Министерскиот состанок за меѓурегионална безбедност и поврзаност, што ќе се одржи по седницата на Советот за надворешни работи. Таа најави дека следната средба во овој формат меѓу ЕУ и земјите од регионите на Црното Море и Централна Азија ќе се одржи кон крајот на ноември во Ташкент.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation