Србија е место што би им одговарало за средба и на рускиот претседател Владимир Путин и на новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, смета српскиот претседател Александар Вучиќ кој во неделата се понуди земјата да биде домаќин на претстојните мировни преговори за крај на војната во Украина, пишува Н1.
– Нема земја што може да се спореди со Србија во однос на нивото на поддршка за претседателот Трамп – рече Вучиќ гостувајќи на телевизијата „Пинк“ истакнувајќи дека Србија е исто така „земја во која претседателот Путин останува многу популарен“.
Српскиот лидер исто така смета дека Србија е идеална за да биде домаќин на средбата бидејќи „не само што формално е надвор од воените блокови, туку во суштина е надвор од двата блока, независна и суверена земја“ и исто така е „подготвен да им гарантира целосна безбедност на двајцата претседатели“.
Коментирајќи ги разговорите со американски претставници за санкциите на Вашингтон за рускиот енергетски сектор, во кој е вклучена и мнозинската нафтена индустрија на Србија, во сопственост на Русија, Вучиќ најави дека во понеделник ќе започнат нови разговори, по што „ќе има повеќе информации“, врз основа на со кои Белград би можел да разговара со Москва.