Еве зошто Ценсори веќе не го поднесува контроверзниот рапер

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Канје Вест и Бјанка Ценсори се разведуваат поради неговите неодамнешни антисемитски испади на Икс, објави Пејџ сикс.

Извор, близок до двојката, тврди дека Бјанка е исцрпена од објавите на Канје, како и од неговата одлука да продава маици со кукаст крст.

– Таа беше одлична жена и одличен соработник, помина низ многу луди моменти, но нивниот брак не може да го преживее ова – коментира изворот.

Бјанка, наводно, претходно ги преболела сличните изјави на раперот, но објавите во кои тој тврдел дека е „нацист“ и дека „го сака Хитлер“ особено ја вознемириле.

– Ситуацијата стана екстремна – истакна изворот, додавајќи дека Бјанка не е сигурна како да го „приземји“ Канје и дека знае дека меѓу нив е готово.

Според информациите од извори блиски до двојката, наводно 47-годишниот рапер и 30-годишната архитектка ќе поднесат законско барање за прекин на бракот во наредните денови. Бјанка моментално престојува во нивниот луксузен дом, вреден 35 милиони долари, во Лос Анџелес. По разводот таа наводно ќе добие 5 милиони долари.

Претходно беше објавено дека нивниот брак е осуден на пропаст поради антисемитските изјави на Канје на Икс, и неговата одлука да продава маици со кукасти крстови.

„Ситуацијата стана екстремна“, истакна тогаш изворот, додавајќи дека Бјанка не е сигурна како да го „приземји“ Канје и дека знае дека е готово меѓу нив.

Бјанка и Канје ги негираат гласините

Гласините за разводот на Канје Вест и Бјанка Ценсора не се точни, тврди претставник на двојката, објави Мирор.

- Advertisement -
Ad image

Претставникот излезе со соопштение во кое тврди дека Канје и Бјанка се уште се заедно.

„Канје и Бјанка се во Лос Анџелес, се подготвуваат заедно да го поминат Денот на вљубените. Тврдењата за нивниот приватен живот ќе доаѓаат директно од нив, а не од неосновани извори. Дали е ова петти или шести пат медиумите да згрешат дека се разведуваат? Не знам веќе”, се вели во соопштението.

Медиумот потсеттува дека според претходните информации од извори, блиски до двојката, 47-годишниот рапер и 30-годишната архитектка ќе поднесат законско барање за прекин на бракот во наредните денови. Бјанка моментално престојува во нивниот луксузен дом, вреден 35 милиони долари во Лос Анџелес. По разводот таа наводно ќе добие 5 милиони долари.

- Advertisement -
Ad image

Не е првпат да се „разведуваат“

Веќе и претходно се зборуваше за развод на Вест и на Бјанка минатата година. Се зборуваше дека двојката се скарала и се разделила и дека за тоа ги известиле своите најблиски луѓе. Во тоа време беше објавено дека Бјанка заминала во Австралија за да биде со своето семејство, а Канје имал планови да се пресели во Токио. Разводот не се случи тогаш, но дали љубовта сега е завршена, останува да се види, анализираат медиумите.

Share This Article