Еве што значи „да се направи Америка повторно богата“ и „да се стапне на Марс“

Lorita
By Lorita 5 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Американскиот претседател Доналд Трамп за првпат се обрати пред американскиот Конгрес велејќи дека доаѓа златното доба на САД и дека американскиот сон е незапирлив. Говорејќи нешто помалку од час и 40 минути Трамп зборуваше подолго од кој било американски претседател во историјата, вклучително и себеси за време на неговиот прв мандат.

Републиканскиот претседател ја бранеше својата одлука да наметне царини врз Канада, Кина и Мексико велејќи дека царините имаат за цел да ја направат „Америка повторно богата“, додавајќи дека „може да има малку вознемиреност“ и „може да има период на прилагодување“.

Трамп потврди дека новите, далекусежни царини ќе стапат во сила на 2 април.

– Со децении не измамуваа речиси сите земји во светот, и нема повеќе да го дозволиме тоа – изјави Трамп.

Драматично проширување на производството на критични минерали

Трамп изрази поддршка за напорите на украинскиот претседател Володимир Зеленски да ги подобри односите меѓу двете земји, по претходниот тензичен состанок во Овалната соба. Тој рече дека Зеленски изразил подготвеност да го потпише договорот за ретки минерали и да работи под силното водство на САД.

– Го ценам што (Зеленски) ми го испрати ова писмо – изјави Трамп.

Трамп вели дека планира „драматично да го прошири“ производството на критични минерали во САД.

Подоцна оваа недела, исто така, ќе преземам историска акција за драматично зголемување на производството на критични минерали и ретки земји овде во Соединетите држави – рече Трамп.

Материјалите како графит, литиум, ураниум и 17 хемиски елементи познати како ретки земји се клучни за економскиот раст и националната безбедност на САД, но и за производство на електроника и високи технологии.

- Advertisement -
Ad image

Американскиот сон е незапирлив

Трамп кажа дека „американскиот сон е незапирлив“ пред да се пофали со својата победа на изборите на 5 ноември, кои тој ги нарекува „мандат каков што не е виден во многу децении“. Тој нагласи дека ги освоил сите седум сојузни држави и изборите – „нешто што републиканците не го направиле со децении“.

Тој рече дека прогласил национална вонредна состојба на јужната граница и ја испратил американската војска и граничната патрола да „одвратат инвазија на нивната земја“. Трамп тврди дека под водство на Џо Бајден, кого го нарекува „најлошиот претседател во американската историја“, имало „стотици илјади нелегални преминувања месечно“.

 

- Advertisement -
Ad image

 

Нема веќе цензура во САД

Трамп рече дека „ја запрел сета владина цензура“ и дека „ја вратил слободата на говор во Америка“.

– Таа е повторно тука – додаде тој.

Трамп потсети дека потпишал наредба англискиот да биде официјален јазик на Соединетите Држави и дека Мексиканскиот Залив го преименувал во Американскиот Залив.

Тој тврди дека ја „завршил тиранијата на таканаречените политики за различност, еднаквост и вклучување“ низ федералната влада, приватниот сектор и војската на САД.

Златна карта, златно доба и Железна купола

Трамп, исто така, рече дека каматните стапки денеска имале „голем, убав пад“. Тој најави воведување на визен систем „златна карта“ со можен пат до американско државјанство за пет милиони долари.

Трамп тврди дека „златната карта“ ќе создаде „огромен број работни места“ и „голем успех“ за компаниите.

Трамп го повика Конгресот да го финансира „Златна купола“, противракетен одбранбен штит сличен на израелскиот систем „Железна купола“.

– Како врховен командант, мојот фокус е на градење на најмоќната армија во иднината. Како прв чекор, барам од Конгресот да финансира најсовремен систем за воздушна одбрана „златна купола“ за заштита на нашата татковина. Сите направени во САД. Други земји го имаат. И САД треба да го имаат, нели? – рече тој.

Американско знаме ќе се вее на Марс

Трамп вети дека ќе „засади американско знаме на Марс“. Тој рече дека е време Америка да ја земе судбината во свои раце.

Тој изјави дека ќе ја води нацијата да создаде „најслободна, најнапредна, најдинамична и најдоминантна цивилизација што некогаш постоела на оваа планета“.

– Америка ќе ги освои огромните граници на науката и ќе го води човештвото во вселената и ќе го засади американското знаме на планетата Марс, па дури и многу подалеку. Драги мои Американци, подгответе се за неверојатна иднина, бидејќи златното доба на Америка само што започна. Тоа ќе биде нешто што досега не е видено – заклучи Трамп своето обраќање пред Конгресот.

Share This Article