Еве каква зима нè очекува

Lorita
By Lorita
3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Како што се приближува есента, сончевата енергија почнува да опаѓа, што предизвикува силно заладување на поларната стратосфера и создава голема температурна разлика меѓу студените поларни и топлите суптропски области.

Таа разлика го поттикнува формирањето на поларниот вител – обемна зона на низок притисок која се простира од површината на Земјата до високите слоеви на атмосферата.

Поларниот вител има значајна улога во обликувањето на зимските услови во Северна Америка, Канада и Европа. Кога е силен, засиленото млазно струење го задржува студениот воздух во рамките на Арктикот, што резултира со поблаги зими на средните географски ширини.

Но ако ослабне, како што се случуваше во неколку изминати зими, студениот воздух полесно навлегува кон југ, носејќи поларни температури и снег во САД и Европа, пишува „Severe Weather“.

Ла Ниња — појава на заладени површински води во тропскиот Тихи океан — ја зголемува веројатноста за стратосферско загревање (SSW) за 60 до 75 проценти, што може да предизвика колапс на поларниот вител, особено кон средината или крајот на зимата. Историјата покажува дека тогаш често следуваат екстремно студени периоди на средните ширини.

И QBO — циклусот на промена на насоката на ветровите во тропската стратосфера на секои околу 17 месеци — има важна улога. Неговата источна (негативна) фаза дополнително го ослабнува вителот и го зголемува ризикот од нарушувања во млазното струење и навлегување на студен воздух.

Комбинацијата од Ла Ниња и негативен QBO упатува на поголема веројатност за динамична, нестабилна зима. Во почетокот на октомври прогнозите укажуваат на формирање на ладно јадро над поларниот круг – срцето на поларниот вител. Тоа може привремено да го засили вителот, но ефектот на Ла Ниња и QBO сугерира дека подоцна може да ослабне.

Ако дојде до негов колапс, САД и Европа би можеле да се соочат со пониски температури и повеќе снежни врнежи. Сепак, експертите предупредуваат дека овие фактори се само дел од сложената мрежа на глобални климатски обрасци и дека точниот исход ќе зависи и од други атмосферски и океански влијанија.

Жителите на средните географски ширини се советуваат да бидат подготвени на можни чести промени на времето во текот на претстојната зима.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article