Возбудата започнува – вечерва официјално се отвора новата сезона во најголемото европско клупско натпреварување, Лигата на шампионите 2025/26.
Љубителите на фудбалот ширум светот со нетрпение ја очекуваа оваа ноќ, фудбалската елита повторно е на сцена. Со два натпревара во терминот од 18:45 часот ќе започне спектаклот: ПСВ Ајндховен ќе го пречека белгискиот Ројал Унион, додека Атлетик Билбао ќе го предизвика Арсенал.
Во „прајм тајм“ од 21 часот следуваат нови дерби средби: Тотенхем – Виљареал, Бенфика – Карабах, Јувентус – Борусија Дортмунд и Реал Мадрид – Марсеј.
Фудбалската магија продолжува утре со мечевите Олимпијакос – Пафос, Славија Прага – Бодо Глимт, ПСЖ – Аталанта, Ајакс – Интер, Ливерпул – Атлетико Мадрид и дербито Баерн – Челзи.
Во четврток на програмата има уште шест натпревари: Клуб Бриж – Монако, Копенхаген – Баер Леверкузен, Спортинг – Каират, Ајнтрахт – Галатасарај, Њукасл – Барселона и актуелниот шампион Манчестер Сити против Наполи.
Трофејот годинава ќе се брани од ПСЖ, кој ќе има тешка задача да го повтори успехот и да ја задржи европската круна.