Барањата за одземање на замрзнатите руски средства во Европска унија се разгледуваат со меѓународните партнери, Европска комисија останува отворена за тоа, сè додека постојат правни можности, изјави еврокомесарот за земјоделство Кристоф Хансен.
Тој, во дебатата во Европски парламент во Стразбур, наведе дека во ЕУ има 210 милијарди евра замрзнати руски средства, при што дел и припаѓа на руската држава, а остатокот е приватна сопственост.
Хасен истакна дека годишно каматата на овој имот носи приход од околу три милијарди евра.
Земјите-членки на ЕУ во мај минатата година одлучија приходите од замрзнатиот руски имот да ги насочат кон Украина сè додека Русија не плати обесштетување. Хансен наведе дека ЕК на почетокот од годината и префрлила на Украина три милијарди евра добиени од каматите на замрзнатиот руски имот.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖