Топ Вести - Слушај сега
Економијата на Европската Унија (ЕУ) е во ужасна и катастрофална состојба поради смешни климатски и идеолошки цели, изјави словачкиот премиер Роберт Фицо додека заминуваше на неформален самит за конкурентност во замокот Алден Бизен во Белгија, објавија словачките медиуми.
Лидерите на ЕУ денеска се состануваат на разговори што ги свика претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, за да влијаат врз насоката на економската политика на блокот, во услови на зголемен притисок врз конкурентноста и предизвици за унијата поради стратешката зависност од критични суровини од трети земји.
– Се упатувам кон Белгија кон неформален самит каде што ќе разговараме што да правиме со економијата на ЕУ, која е во ужасна состојба поради смешни климатски и идеолошки цели. Подобро е да се каже дека е во катастрофална состојба. Ако не направиме ништо оваа година, пред сè со цените на електричната енергија, Европа нема да стане ништо повеќе од културен музеј на отворено за богати кинески туристи – рече Фицо.
Прашањето за високите цени на електричната енергија беше истакнато и за време на вчерашниот самит на европската индустрија во Антверпен, на кој присуствуваа високи претставници на околу 500 водечки европски компании.
Tagged as:
ВЕЛИ ФИЦО ЕУ ЌЕ СТАНЕ МУЗЕЈ ЗА БОГАТИ КИНЕЗИ
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
