Топ Вести - Слушај сега
Соработката меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, вклучително и во енергетскиот сектор, може и треба да придонесе за стабилизација на глобалните енергетски пазари, рече денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој додаде дека е прерано да се зборува за ефикасна соработка, но дека темата активно се разгледува.
Песков рече дека директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции и специјален претставник на рускиот претседател за економска соработка со странски земји, Кирил Дмитриев, ќе му поднесе извештај на претседателот Владимир Путин за неговите контакти во САД, вклучително и за состаноците на раководителите на работната група за економска соработка меѓу двете земји.
По состаноците во Мајами, Кирил Дмитриев денеска се врати во Русија.
Специјалниот претставник Дмитриев деновиве одржа состанок со претставници на американската администрација во Флорида. Тој објави дека ги посетил САД по налог на претседателот Путин и се сретнал со лидерите на работната група за економска акција меѓу двете земји.
Според него, се разговарало и за перспективни проекти што можат да придонесат за обновување на руско-американските односи, како и за моменталната кризна состојба на светските енергетски пазари.
– САД почнуваат подобро да ја разбираат улогата на руската нафта и гас во обезбедувањето стабилност на светската економија, како и за неефикасноста на санкциите против Русија – истакна Дмитриев по средбите.
Тој им се заблагодари на специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, зетот на претседателот Џаред Кушнер и високиот советник на Белата куќа, Џош Грунбаум, за продуктивниот состанок во Флорида.
„Руската и американската делегација разговараа за неколку прашања на состанокот и се согласија да одржат контакт“, објави Виткоф.
Според Ројтерс, администрацијата на Доналд Трамп разгледува неколку сценарија – од широки отстапки, до целни мерки што би им овозможиле на некои земји да купуваат руска нафта без ризик да бидат предмет на санкции од САД.
Извори на агенцијата ги поврзуваат овие планови со потребата да се ограничи скокот на цените предизвикан од прекините во снабдувањето преку Ормускиот Теснец, низ кој минува околу 20 проценти од светскиот поморски транспорт на нафта, а поради војната во Иран.
На почетокот на март САД веќе го направија првиот чекор, привремено дозволувајќи ѝ на Индија да купува руска нафта што се наоѓа на танкери на море.
Во тоа време, Скот Бесент, американскиот министер за финансии, увери дека оваа мерка нема да донесе значителни придобивки за Москва, бидејќи станува збор за суровина што веќе ги напуштила руските пристаништа.
Тој, исто така, не исклучи понатамошни отстапки, што би ѝ овозможиле на Русија да продава „стотици милиони барели“ нафта складирана на танкери.
Оваа одлука предизвика остри критики од демократите во Конгресот. Конгресменот Сем Ликардо и сенаторот Рубен Галего испратија писмо до секретарот за финансии, нарекувајќи го ослободувањето за Индија „опасно, контрапродуктивно и неоправдано“.
– Исклучоците испраќаат сигнал дека САД ќе ги наградат нападите врз своите војници – рече тој.
Според демократите, привременото олеснување на санкциите може да донесе дополнителни приходи за Москва во време кога Русија му помага на Иран да идентификува американски цели на Блискиот Исток.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
