Background

Емисијата на војвотката од Сасекс доживеа крај по само две сезони

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Шоуто кое сопругата на британскиот принц Хари интензивно го промовираше како нејзино големо враќање на малите екрани, нема да добие продолжение. Имено, „Нетфликс“ одлучи дека кулинарската лајфстајл-емисија на Меган Маркл, насловена „Со љубов, Меган“ (With Love, Meghan) нема да има трета сезона.

- Advertisement -
Ad image

И покрај критиките, Меган претходно тврдеше дека публиката ја сака емисијата и оти негативните коментари се само обид на критичарите „да си ги платат сметките“. Можеби еден од најзапамтените мигови од серијата беше оној каде што водителката ја поправи актерката Минди Калинг за презимето Маркл, нагласувајќи дека сега поранешната американска глумица го носи презимето Сасекс – што предизвика и бројни реакции на социјалните мрежи.

Над шест години, Меган и Хари се обидуваат да го пронајдат својот пат надвор од кралското семејство.

И додека „Со љубов, Меган“ полека си заминува во историјата, се чини дека Меган Маркл не се откажува од своите амбиции за животен стил. Таа, се чини, само ќе ја промени стратегијата и форматот, оставајќи го засега отворено прашањето дали ќе може да изгради бренд што ќе ги надмине контроверзиите што ја следат.

Имено, според непотврдени наводи, Маркл одлучила дека снимањето на емисијата бара премногу работа и сега ќе се сосредоточи на развојот на својот бренд за животен стил, „As Ever“ (мк.: ‘Како и секогаш’), којшто вклучува производи како мед, чаеви и вино.

Наместо телевизиски формат, таа планира да споделува слична содржина – готвење, креативни идеи и совети за животен стил – на социјалните мрежи, во пократок и поедноставен облик.

Емисијата „Со љубов, Меган“ почна минатата пролет со амбиција да ја етаблира Меган како нова „икона на животниот стил“, покрај имињата како Марта Стјуарт и Гвинет Палтроу, но од самиот почеток се соочи со бран критики и исмејувања за она што многумина го сметаа за „банални и аматерски“ совети.

Рејтинзите исто така не ги исполнија очекувањата – втората сезона не успеа да се пробие во американскиот „Нетфликс Топ 10“, а според официјалните податоци, серијата заврши само на 383. место на светско ниво во првата половина од 2025 година.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation