Естонскиот рапер Томи Кеш ќе ја претставува својата земја на овогодинешниот избор за песна на Евровизија, кој ќе се одржи во швајцарскиот град Базел, со песната „Espresso Macchiato“. Раперот со својата песна веќе го привлече вниманието на евровизиските фанови, а покрај интересниот настап, внимание привлече и текстот на песната.
„Животот може да ви даде лимони кога танцувате со демони. Без стрес, без стрес, нема потреба да бидете депресивни. Љубов моја, љубов моја, еспресо макијато, макијато, макијато“, се дел од стиховите на песната.
Инаку, неговиот сценски настап не можеше да помине без шолја кафе, а тој изведе и интересна танцова точка. На сакото имаше залепено парче хартија на кое пишуваше: „Ја сакам Евровизија“.
Судејќи според коментарите, песната е пол погодок. Некои слушатели коментираа дека Кеш е „наследникот“ на Јост Клајн, кој минатата година ги освои срцата на публиката со песната „Europapa“.
Под видеото од неговиот настап имаше интересни коментари, а многумина напишаа дека песната „совршено одговара за Евровизија“. „Тука сум пред Џими да победи на Евровизија“, „Ова е брилијантно“, „Толку е глупаво што е брилијантно“, „Песната е толку лоша што всушност е одлична за Евровизија“, „Се гледа дека се потрудил околу кореографијата“ и „12 поени“, се дел од реакциите на фановите на Јутјуб.