Топ Вести - Слушај сега
Судијата Ѓоко Ристов сакал да побегне во Грција со закопани пари, но ПИМ мерките го разоткриле – добил куќен притвор наводно по уцена дека ќе ги открие сите корумпирани колеги.
Апсењето на судијата Ѓоко Ристов и определувањето мерка куќен притвор, заедно со одземање на патната исправа, претставува можеби само врвот на ледениот брег во она што би можело да биде еден од најголемите скандали во македонското правосудство. Редакцијата на Охридскај во средината на декември 2025 година прва ексклузивно објави за поврзаноста на судијата Ристов, неговата сопруга Симона Ристова и упсениот адвокат Стефа.
Сега, редакцијата на Охридскај дојде до нови сознанија, кои повторно ексклузивно ги објавуваме.
Според наши извори, судијата Ѓоко Ристов од средината на декември 2025 година — веднаш по објавата на Охридскај — бил поставен на посебни истражни мерки (ПИМ). На исти такви мерки била поставена и неговата сопруга Симона Ристова, државен правобранител.
Според нашите сознанија, судијата Ѓоко Ристов имал повеќе таканаречени “картелски штекови” во куќата на своите родители во Неготино. Првиот штек на поголема количина пари бил во дворот на куќата на неговите родители, закопан во земја. Овие средства Ристов успеал да ги извади и да ги пренесе преку посредници во Република Грција.
Според наши извори, Ѓоко Ристов се подготвувал да ги земе и закопаните пари во куќата на неговиот татко во Неготино и да побегне во Република Грција. Меѓутоа, посебните истражни мерки на кои бил поставен го разоткриле, и затоа истражителите побрзале со акцијата. Акцијата требало да биде подоцна, за да влезат во мрежата сите помагачи на Ристов.
Зошто за вакво дело обвинителството предлага куќен притвор? Одговорот можеби лежи, според наши извори, во тоа дека Ристов наводно уценил дека доколку не добие некаков повластен третман, спремен е јавно да ги обзнани сите свои колеги од судии, обвинители и правобранители, кои исто така биле замешани во големи корупциски скандали.
Ваквата “размена” — ако е вистинита — би претставувала сериозно прашање за интегритетот на целиот правосуден систем и би укажувала на системска корупција која надминува еден поединечен случај.
Според сознанијата на редакцијата Охридскај, на Ристов друштво треба да му прави и неговата сопруга Симона Ристова. Но дали акцијата ќе заврши до крај и дали и Симона ќе добие домашен „фамилијарен“ притвор, останува да почекаме крај на истрагата.
Случајот Ристов веќе предизвика бранови во јавноста и постави сериозни прашања за независноста и интегритетот на правосудството. Доколку тврдењата за “картелски штекови”, уцени иширока мрежа на корупција се потврдат, оваа афера може да биде само почетокот на длабока реформа — или длабока криза — за македонскиот правосуден систем.
Напомена: Информациите во овој текст се базираат на извори на редакцијата Охридскај и сè уште не се потврдени од официјални истражни органи.
Сашо Денесовски
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
