Поранешниот американски претседател Џо Бајден неодамна беше подложен на операција за отстранување на канцерогени клетки од кожата, соопшти неговиот портпарол, пренесува телевизијата „Ен-Би-Си Њуз“.
Интервенцијата, позната како хирургија по методот на Мохс, е често користена за лекување на најчестите форми на рак на кожата. Претходно оваа година, канцеларијата на Бајден објави дека му бил дијагностициран рак на простатата, кој лекарите го опишале како агресивен, но може да се лекува, потсетува ДПА.
На социјалните мрежи се појави снимка од Бајден на која се гледа некаква гребаница на неговото чело што некои го поврзуваат со неговиот рак на кожата. Екс-претседателот на 2 септември беше снимен како излегува од црвка во Делавер.
Бајден, кој го напушти претседателскиот мандат во јануари, е најстариот претседател во историјата на САД. Тој првично планираше повторно да се кандидира за претседател од Демократската партија на изборите во 2024 година, но се повлече од трката по серија слаби настапи, вклучително и катастрофалната телевизиска дебата со републиканецот Доналд Трамп.
Овие настапи предизвикаа загриженост за неговата физичка и ментална способност да ја извршува функцијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
