Економскиот притисок сега е на трето ниво, а има 10 нивоа

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Специјалниот пратеник за Украина и за Русија, Кит Келог, изјави дека претседателот на САД, Доналд Трамп, е подготвен да ги засили санкциите за Русија за да се стави крај на војната во Украина, но нагласи дека и Москва и Киев ќе мора да направат отстапки за да се постигне мир, објави Њујорк пост.

Келог изјави дека санкциите против Русија во моментов се само на трето од 10 нивоа во однос на економскиот притисок, додавајќи дека има простор за дополнително заострување, особено санкциите поврзани со руското производство и извоз на нафта.

Според него, иако Украина треба да ја продолжи својата воена офанзива против Русија пред преговорите, администрацијата на поранешниот претседател на САД, Џо Бајден, не се трудела доволно да ги искористи сите аспекти на својата моќ за да ѝ помогне на Украина.

– Санкциите навистина можат да се зголемат – особено најновите санкции (кои се насочени кон производството и кон извозот на нафта)… И ако има некој што ја разбира моќта, тоа е претседателот Доналд Трамп, и можете да го видите тоа според она што тој неодамна го направи (во решавањето други странски проблеми) – рече тој.

Минатиот четврток, Трамп го собра својот тим од советници и членови на Кабинетот, фокусиран на националната безбедност; од потпретседателот Џеј Ди Венс до секретарот за финансии, Скот Бесент; во Овалната соба, каде што Келог рече дека разговарале како да се искористат сите елементи на националната моќ за да се стави крај на војната.

Share This Article