Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека мора да се намалат каматните стапки и оти тоа „ќе оди рака под рака“ со планираните царини.
Но, економистите предупредуваат дека царините ќе ја поттикнат инфлацијата и ќе го одложат намалувањето на каматните стапки.
Трамп на почетокот од неделата за 25 проценти ги зголеми царините за челик и алуминиум, во обид да им помогне на американската индустрија, при тоа ризикувајќи да предизвика трговска војна.
Претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел вчера пред Сенатот изјави дека Централната банка не брза да ги намали краткорочните каматни стапки со оглед на состојбата на економијата, која е генерално силна. За денеска е предвидено Пауел да се обрати пред Претставничкиот дом.
Tagged as:
Економистите не се согласуваат со Трамп
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
