Денеска надлежните од Одделението за планирање и управување со заштитени подрачја и други заштитени делови од природата при општина Охрид заедно со вработените од Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп поставија 30 дрвени куќички за птици на потегот од пешачката патека од Горна порта до Лабино и Канео. Куќичките се целосно изработени од природен и траен материјал. Овие живеалишта се наменети за мали птици кои на тој начин полесно ќе се справат со климатските промени и ќе се зголемува нивниот број.
Станува збор за општествено одговорен проект на Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп којшто е подржан од Општина Охрид.