Топ Вести - Слушај сега
Едукативниот театарски караван „ЕКО авантура“, реализиран со поддршка од Кожувчанка Компанија, а во продукција на „Продукција Триангл“ и под режисерско водство на Десанка Глигоријевиќ, успешно го заокружи своето прво големо издание.
Во текот на 2025 и почетокот на 2026 година беа изведени 120 претстави, кои ги проследија повеќе од 30.000 деца. Преку театар, игра и интеракција, децата имаа можност на забавен начин да научат за заштитата на животната средина, рециклирањето и значењето на здравите навики, особено редовната консумација на вода.
Големиот интерес и позитивните реакции од децата, воспитувачите и родителите ја потврдија вредноста на проектот и отворија простор за негово понатамошно развивање и создавање нови едукативни концепти наменети за најмладите.
„Нашата цел беше да создадеме претстава што на забавен и разбирлив начин ќе ги доближи важните еколошки пораки до децата. Реакциите на публиката ни покажаа дека успеавме во тоа“, изјави режисерката Десанка Глигоријевиќ.
„Големиот интерес и позитивните коментари за „ЕКО авантура“ се наша силна мотивација и натаму да продолжиме со поддршка на едукативни проекти кои се од голема важност за децата и идните генерации.“, истакна менаџерот за маркетинг и комуникации на компанијата Кожувчанка Митко Јовановски.
Со овој проект, компанијата Кожувчанка уште еднаш ја потврдува својата посветеност на општествената одговорност особено вложувајќи во најмладите, каде што започнува секоја вистинска промена.

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
