ЕДС, како дел од PPC Групацијата е стабилен партнер за македонските компании во време на енергетска неизвесност

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ЕДС, како дел од PPC Групацијата е стабилен партнер за македонските компании во време на енергетска неизвесност, велат од ЕДС  во соопштение до јавноста. Компанијата обзнани дека е поддржана од најголемата енергетска групација во Југоисточна Европа, PPC Group.

„Во денешната нестабилна енергетска средина, стабилноста и стратешките партнерства се клучни. Како дел од PPC Group — најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа — ЕДС е подготвена да обезбеди зголемена вредност за своите клиенти, особено за малите и средни претпријатија кои се соочуваат со зголемени трошоци и променливи енергетски барања“, се вели во написот.

Главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски ја објаснува директната корист од тоа што ЕДС е дел од PPC Групацијата за бизнис заедницата:

– Нашите клиенти добиваат сигурен снабдувач, конкурентни пазарни цени и поддршка во подобрување на енергетската ефикасност. Дополнително, како дел од PPC Group, нудиме зелени енергетски сертификати и решенија за одржлива потрошувачка, што им овозможуваат на компаниите да бидат поефикасни и да ги исполнуваат најновите европски регулативи за енергетска транзиција – вели Сарџовски.

Фото: ЕДС

Според компанијата, ова партнерство овозможува „пристап до прилагодени решенија за снабдување со електрична енергија, напредни дигитални алатки и сигурна услуга поддржана од група со над 12,3 GW инсталиран капацитет и 8,8 милиони корисници низ регионот“.

Под новото раководство, ЕДС веќе промовираше нова палета пакети за снабдување со електрична енергија, специјално креирани за потребите на македонските компании.

„Овие понуди имаат цел да донесат стабилност, конкурентни цени и персонализирана поддршка — сѐ тоа во функција на поефикасна и одржлива енергетска иднина. За компаниите што сакаат да ги заштитат своите операции од идни шокови, ЕДС — со поддршка од PPC — претставува сигурен партнер со јасна визија и реална моќ за промена“, порачуваат од компанијата.

Share This Article