На социјалните мрежи се појави видео кое е снимено на плажа во Грција.
Видеото долови многу ретка глетка – фока како одмара на плажата на островот Сими, која е една од најретките морски жители во светот.
Како што е наведено, ова е редок вид со само околу 700 единки, па средбата со ова животно е вистинско чудо и реткост.
Сими е мал грчки остров во Егејското Море, дел од архипелагот Додеканези, во близина на Родос.
Местото Нимпорио каде што е снимена фоката е познато по своето чисто море, таверните покрај брегот и опуштената атмосфера, па затоа е честа дестинација за оние кои сакаат потивок одмор во споредба со главното пристаниште на островот.