Едно лице загина, а најмалку девет се повредени, откако силно торнадо синоќа го погоди северниот дел на Париз, предизвикувајќи голема материјална штета и паника меѓу жителите

Lorita
By Lorita
1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Едно лице загина, а најмалку девет се повредени, откако силно торнадо синоќа го погоди северниот дел на Париз, предизвикувајќи голема материјална штета и паника меѓу жителите.

Префектурата Вал-д’Оаз соопшти дека четири лица се во критична состојба, а петмина се со тешки повреди по невремето што го зафати градот Ермон и околните населени места.

Според локалните медиуми, торнадото било толку силно што соборило три големи градежни крана, а ветровите достигнувале брзина од над 150 километри на час.

– Ненадејно и невообичаено интензивно торнадо погоди неколку градови во Вал-д’Оаз, при што едно лице загина, а неколку други се сериозно повредени – изјави францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњес, на платформата X (поранешен Твитер).

На местото на несреќата биле распоредени 150 пожарникари, екипи на итна помош и полицајци, кои работат на расчистување на урнатините и обезбедување на безбедноста во погодените подрачја – Ермон, Ебон, Андили, Монморанси и Франконвил.

Поради оштетувањата на инфраструктурата, околу 1.700 домаќинства утрово останале без електрична енергија, јавува агенцијата ДПА.

Share This Article