Топ Вести - Слушај сега
Легендата на акциониот филм Арнолд Шварценегер би можел повторно да ги оживее трите улоги кои ја одбележаа неговата кариера – Конан, Дач од „Предатор“ и полковникот Џон Матрикс од „Командос“.
Актерот откри дека во моментов води разговори со холивудските студија за потенцијално враќање во дури три култни франшизи.
Веста ја соопштил на фестивалот Arnold Sports Festival во Охајо, каде што рекол дека студијата повторно покажале интерес за неговите најпознати филмски ликови, пишува Variety.
– Фокс студиото на некој начин повторно го откри Арнолд – изјавил актерот, додавајќи дека веќе разговарал за нов „Предатор“, а во рацете има и сценарио за „Командос 2“.
Од трите најавени идеи, најпрвин во развој е новото продолжение на „Конан“, со работен наслов „King Conan“. Филмот треба да ја продолжи приказната за легендарниот варварин четири децении по оригиналниот филм од 1982 година, прикажувајќи го Конан како стар владетел кој повторно е принуден да се врати во борба.
Според најавите, сценариото и режијата ќе ги преземе режисерот Кристофер МекКвари, познат по последните филмови од серијалот „Mission: Impossible“.
Шварценегер исто така откри дека режисерот Дан Трахтенберг, кој неодамна го оживеа универзумот на „Предатор“, е заинтересиран да го врати неговиот лик од оригиналниот филм од 1987 година.
Паралелно, актерот добил и сценарио за долгоочекуваното продолжение „Commando 2“, со што би се вратил во улогата на Џон Матрикс од акциониот хит од 1985 година.
78-годишниот актер нагласува дека доколку проектите се реализираат, тие ќе бидат напишани на начин што ќе ја одразува неговата сегашна возраст.
– Нема да ме пишуваат како да имам 40 години. Улогите ќе бидат прилагодени, но сè уште ќе има акција – изјавил Шварценегер.
Доколку преговорите успеат, легендата на акциониот жанр би можела да се врати на големото платно во три филмски улоги кои пред повеќе од четири децении го претворија во една од најголемите холивудски ѕвезди.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
