Топ Вести - Слушај сега
Авион на „Ер Франс“, на лет од Форт де Франс до Париз, бил принуден да се врати само неколку минути по полетувањето од аеродромот во Мартиник, бидејќи неговиот реактор се запалил, објавија денес француските медиуми.
По само една минута лет, десниот мотор на „Боинг АФ895“ почнал да вшмукува течност, предизвикувајќи лоша циркулација на воздухот во моторот, таков инцидент предизвикува неправилно согорување и видливи експлозии.
Како што објавува „Фигаро“, очевидци на земја слушнале детонации кратко по полетувањето на авионот, но никој не бил повреден во инцидентот.
Како што објави порталот „Мартиник Ла Лер“, екипажот на авионот, кој превезувал 469 патници, забележал инцидент на еден од моторите во моментот кога авионот бил во почетната фаза на полетување.
Пилотот Ришар Рекли изјавил дека постапката за итно враќање била веднаш започната и авионот успешно слетал на земјата на аеродромот од кој полетал, а патниците потоа биле пренасочени кон друг лет.
Tagged as:
ЕДНА МИНУТА ПО ПОЛЕТУВАЊЕТО СЕ ЗАПАЛИ МОТОРОТ НА АВИОН НА „ЕР ФРАНС“
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
