Албанскиот премиер Еди Рама на својот „Фејсбук“ профил објави видео од нова акција за рушење на бесправно изградени објекти. Според него, ова е продолжение на одлучната битка против дивоградбите кои го загрозуваат и нагрдуваат јавниот простор.
Тој порача дека ова ќе биде последното поглавје во справувањето со градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи и им посака на граѓаните успешна недела.
„Со овие сцени од соочувањето со незаконитостите што ги повредуваат и нагрдуваат просторите во кои заедно живееме како синови и ќерки на оваа земја, а каде што, по секоја цена, ќе го напишеме последното поглавје од битката против градбите без дозвола или спротивно на издадените дозволи, ви посакувам успешна недела“, напиша Рама.