Background

Еден од тројцата напаѓачи на 16-годишинкот во Риека е во бегство, додека двајца завршија во притвор

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Еден од тројцата напаѓачи на 16-годишинкот во Риека е во бегство, додека двајца завршија во притвор, пишуваат хрватските медиуми. Браќата Винковиќ се осомничени за обид за убиство. Мајката на претепаното момче за хрватски „Нови лист“ вели дека го држела во раце синот додека бил облеан со крв, обидувајќи се да го заштити.

- Advertisement -
Ad image

– Имаше туркање и закани. Го држев синот и се обидов да го заштитам од нови удари. Насилството престана дури кога пристигнаа полицијата и брзата помош – додала мајката, која сè уште е во шок.

Нападот бил снимен од надзорни камери. Според локалните медиуми, тројцата млади мажи го удирале момчето со тупаници и го клоцале додека лежело на земја. Кога се обидело да избега, го притиснале на ѕид и продолжиле со тепањето.

Во нападот бил повреден и 20-годишен маж кој се обидел да му помогне на претепаниот тинејџер.

Полицијата потврдила дека осомничените се товарат за обид за убиство на 16-годишникот и за обид за нанесување тешки телесни повреди на 20-годишното момче.

Локалните медиуми објавиле дека напаѓачите се браќата Винковиќ. Јосип Винковиќ (29) и Тихомир Винковиќ (33) се во притвор.

Истражен судија при Окружниот суд во Риека го прифатил предлогот на обвинителството и одредил мерка притвор за Тихомир Винковиќ поради опасност од влијание врз сведоци и повторување на делото.

Јосип Винковиќ бил приведен еден ден претходно. Покрај опасноста од влијание врз сведоци и повторување на делото, судот навел и ризик од бегство, бидејќи има деловни врски со Германија.

Третиот осомничен брат, Домагој, е во бегство и по него се трага.

Повредениот 16-годишник претрпел сериозни физички повреди. Според лекарите, состојбата му е стабилна, но понатамошниот тек на лекувањето и евентуална операција сè уште не се утврдени.

Албанската заедница на Приморско-горската жупанија во петокот истакна дека неодамнешниот брутален напад во Риека врз малолетник, член на тоа национално малцинство, ги преминува сите граници на она што е прифатливо и претставува сериозно предупредување за целото општество.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation