Еден мигрант загина при обид нелегално да премине во Велика Британија од брегот на северна Франција, каде што преоптоварен брод се расипа преку ноќ, соопштија утрово француските локални власти, додавајќи дека 61 мигрант се спасени.
„Имаше многу заминувања. Еден брод што беше преоптоварен се расипа“, соопштија властите, додавајќи дека „едно лице загинало“ меѓу патниците.
Меѓу спасените имало дете и неговата мајка кои биле евакуирани со хеликоптер поради хипотермија и префрлени во блиската болница на францускиот брег.
Најмалку 12 мигранти загинаа од почетокот на 2025 година обидувајќи се да стигнат до Англија преку Ламанш во мали и небезбедни чамци кои често се преоптоварени.
Според француската канцеларија за борба против шверцот со мигранти, 78 мигранти загинаа на овие опасни премини преку Ламанш минатата година, што е рекорд откако започнаа заминувањата во 2018 година.
Од јануари до декември 2024 година, повеќе од 36.800 луѓе пристигнале во Велика Британија во небезбедни чамци, што е зголемување од 25 проценти во однос на 2023 година.