Две лица загинаа, а седум се повредени при уривање на мост во градот Ансон, Јужна Кореја, во несреќа која се случи на градилиште на автопат, јавува агенцијата Јонхап. Спасувачката операција е во тек, а властите информираа дека се бара и едно исчезнато лице, кое се наоѓа под урнатините.
Инцидентот се случил кога неколку бетонски блокови паднале од височина врз десет работници кои работеле под мостот. Националната агенција за пожари веднаш ги мобилизирала пожарникарите за да ја продолжат потрагата по исчезнатите.
Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, Чои Санг-мок, нареди сите ресурси и персонал да бидат насочени кон спасувачката операција.