Две лица загинаа откако се преврте автобус на патот Сремска Митровица – Јарак попладнево. Во несреќата има и повредени луѓе, јавија српските медиуми. Полицијата, пожарникарите и екипите на брзата помош се на местото на несреќата.
Засега не е познато што предизвикало превртување на автобусот.
Сообраќајот на патот од Засавица до Рума моментално е затворен поради велосипедска трка. Од правец на Сремска Митровица кон Рума, можат да се забележат повеќе амбулантни и полициски возила, кои се движат кон Јарак, јавуваат српските медиуми.