Двајца кумановчани денеска во СВР Куманово пријавиле дека додека делеле изборен материјал во населбата Средорек биле нападнати од две лица од друга политичка партија.
„Денеска во 11:40 часот во СВР Куманово, А.К.(32) и И.С.(33), двајцата од Куманово, пријавиле дека во населбата Средорек во Куманово, додека делеле изборен материјал за една партија, С.С. и Р.Ш. од друга политичка партија агресивно се однесувале кон нив и им упатувале закани, по што Р.Ш. физички ги нападнал“, соопшти МВР.
СВР Куманово соопшти дека презема мерки за расчистување на случајот и во координација со јавен обвинител и дека против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.