Двајца вработени во израелската амбасада, маж и жена, се застрелани пред Еврејскиот музеј во центарот на Вашингтон.
Полицијата го именуваше осомничениот како Елијас Родригез од Чикаго, Илиноис. Тој е приведен, јави Би-Би-Си.
Тој, како што е објавено на социјалните мрежи успеал да извика „Слободна Палестина“ пред да биде приведен.
Двајцата биле застрелани околу 21.05 часот по локално време додека излегувале од настан во Еврејскиот музеј.
Жртвите засега не се јавно идентификувани.
Шефицата за домашна безбедност на САД, Кристи Ноем, вети дека „ќе го изведе овој изопачен сторител пред лицето на правдата“, додека израелскиот амбасадор во ОН го нарече инцидентот „изопачен чин на антисемитски тероризам“.