Холивудските легенди Роберт де Ниро и Ал Пачино се појавија заедно во новата низа реклами за јакните на италијанско-францускиот моден бренд „Монклер“ (Moncler).
Кампањата наречена „Потопло заедно“ снимена е во Њујорк, САД. Тоа не е само промоција на облеката, туку и на вредностите како што се блискоста и довербата. Пораката на кампањата е да се пренесе топлината што доаѓа не само од облеката, туку и од меѓучовечките односи преку приказната за долгогодишното пријателство на двајцата глумци. За фотографиите беше задолжен грчко-британскиот фотограф Платон Антониу, кој во црно-бели снимки ги прикажа Пачино (85) и Де Ниро (82), во спонтан разговор и дружење, додека ги носеа јакните од новата колекција.
Во еден од видеоспотовите од кампањата, Де Ниро изјавува: „Топлината никогаш не доаѓа однадвор, туку одвнатре“. Ал Пачино додава: „Пријателството е најдоброто нешто што може да го имате“.
„Монклер“ е основан во 1952 година во Франција, а денес се смета за еден од водечките светски брендови за луксузна облека. Брендот е познат по својата зимска облека, а последниве години сè повеќе ја комбинира модата со културни, супкултурни и емотивни приказни. Под раководство на Ремо Руфини, сè почесто соработува со познати имиња од светот на уметноста, филмот и музиката. Кампањата е придружена со нова верзија на песната „Lean on Me“, изведена од американскиот музичар Тобе Нвигве и неговата сопруга Мартика „Фет“.
Tagged as:
Двајца легендарни актери во осмата деценија порачуваат дека топлината не доаѓа само од облеката
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
