Полицијата и Шин Бет објавија апсење на двајца 21-годишни воени резервисти од северен Израел под сомнение дека шпионирале за Иран во замена за пари, пренесува Ал Џезира.
Израелскиот весник Хаарец, повикувајќи се на Канцеларијата на јавниот обвинител, наведува дека еден од осомничените добил 3.500 долари.
Еден од осомничените служи во единицата „Железна купола“ и имал пристап до доверливи информации што му ги пренел на својот ирански агент испраќајќи видео за тоа како функционира системот, се вели во извештајот.
Според полицијата, снимките содржеле многу чувствителни информации кои предизвикале значителна штета на израелските воени операции. Железната купола е израелски одбранбен систем кој ги открива дојдовните ракети, ја одредува нивната траекторија и ги пресретнува.