Background

Дваесетина држави се приклучија на новата меѓународна организација на Трамп

Топ Вести - Слушај сега

0:00 0:00
100

Претседателот на САД, Доналд Трамп, денеска го официјализираше формирањето на Одборот на мир, а со потпишувањето на претставиците на земјите членки, ова тело стана формална меѓународна организација.

- Advertisement -
Ad image

Церемонијата на потпишување се одржува во Давос, каде што се одржува Светскиот економски форум.

Пред официјалното потпишување, американскиот претседател се обрати пред присутните, најавувајќи дека „првата група истакнати членови на Одборот за мир наскоро ќе бидат претставени по име“.

Американскиот претседател особено му се заблагодари на Тони Блер, кој нема да биде член на самиот комитет, туку ќе учествува во работата на неговото извршно тело, задолжено за спроведување на визијата на Одборот за мир, особено во Газа.

Во продолжението на говорот, Трамп им се заблагодари на државиот секретар Марко Рубио и на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, а се пофали и себеси за резултатите во областа на економијата и за воспоставувањето мир.

– Денес светот е побогат, побезбеден и многу помирен отколку пред една година. Ги изгаснавме сите тие пожари за кои многу луѓе дури и не знаеја – вклучувајќи ме и мене – рече Трамп.

Тој беше последен што излезе на сцената, а говорот го почна со рапав глас, по вчерашното неколкучасовно обраќање во Давос.

– Ова е многу возбудлив ден, долго време се подготвуваше. Сите сакаат да бидат дел од Одборот за мир – рече Трамп.

Трамп додаде дека САД ќе соработуваат и со Обединетите нации, а потоа се врати на темата за завршување на војните.

Трамп додаде дека ја сопрел војната меѓу Србија и Косово, за која рече дека мислел оти тоа ќе биде лесно, но се покажало спротивното.

Околу 20 земји присуствуваа на церемонијата на основањето. Повеќето европски земји, вклучувајќи ги Обединетото Кралство и Германија, сè уште не се приклучиле на иницијативата.

Пристапувањето го потпишаа Аргентина, Ерменија, Азербејџан, Бугарија, Индонезија, Унгарија, Јордан, Казахстан, Косово, Пакистан, Парагвај, Катар, Саудиска Арабија, Турција, Обединетите Арапски Емирати, Узбекистан и Монголија.

Трамп објави дека Одборот за мир веќе започнал со работа и дека „работи прекрасно“.

– Имаме одлична група луѓе и неверојатни млади луѓе кои го водат одвнатре. Овде имаме многу популарни лидери, а во некои случаи не толку популарни. Навистина ни е чест што ве имаме тука денес. Всушност, ми се допаѓа оваа група. Ми се допаѓа секој од нив. Можете ли да верувате. Обично имам двајца или тројца кои не ми се допаѓаат. Сега не гледам такви – рече Трамп.

Одборот за мир првично беше замислен како мала група за надгледување на прекинот на огнот во Газа, но проектот оттогаш прерасна во нешто многу поамбициозно. Околу 60 земји се поканети да се приклучат, по цена од 1 милијарда долари по земја доколку сакаат трајно членство.

Трамп треба да биде првиот претседател на одборот, а плановите предвидуваат тој да служи
доживотно.

Тој првпат ја изнесе идејата лани во септември, кога објави план за прекин на војната во Газа.
Подоцна рече дека мандатот на одборот ќе се прошири надвор од Газа, за да вклучи решавање на
други глобални конфликти и за промовирање мир низ целиот свет.

Статутот на одборот наводно наведува дека неговиот претседател Трамп, ќе има широки
извршни овластувања, вклучувајќи го правото на вето на одлуките и можноста за отпуштање
членови.

На присутните им се обрати државниот секретар Марко Рубио, кој зборуваше за сите достигнувања на претседателот Трамп, а се обрати и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation