Дваесет пријави добила полицијата вчера за прекршување на предизборниот молк, од кои 15 не биле вистинити.
„За време на предизборниот молк, во текот на 18.10.2025 до 7 часот на 19.10.2025 година, односно до отворање на избирачките места, регистрирани се 20 пријави за нарушување на изборниот молк од кои 6 на подрачје на СВР Скопје, 4 на подрачје на СВР Куманово, потоа СВР Велес – 3, по два настани на подрачје на СВР Охрид, СВР Штип и СВР Битола и еден на подрачје на СВР Струмица. По преземените мерки не се потврдени пријавите за 15 настани“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Покрај ова, регистрирани се 47 објави на социјалните мрежи за време на изборниот молк кои се однесуваат на повик за гласање за одредени кандидати, како и објавени видеа и слики од партиски активности во штабови, се додава во соопштението.
„Гласањето на болните и изнемоштени лица и на затворениците помина без нарушување на гласањето, регистриран е само еден настан“, соопшти МВР.