Background

Дваесет и деветгодишен жител на Неготино со живеалиште во Германија е осомничен за две кривични дела – полов напад и уцена

Дваесет и деветгодишен жител на Неготино со живеалиште во Германија е осомничен за две кривични дела – полов напад и уцена.

Тој на 2 декември заедно со неговата сопруга и уште една пријателка излегле во ресторан во Скопје каде пиел алкохол и конзумирал дрога, а по вербална расправија со неговата сопруга, таа сама заминала дома, а тој се понудил да ја врати пријателката дома, но наместо кон нејзиниот дом, возел на различни локации низ Скопје обидувајќи се да ја принуди на сексуални односи.

Откако жената не се согласила, тој и се заканил дека ќе ја убие и ја присилил да влезе во апартман во Центар каде со физичка сила и закани со нож ја принудил на други полови дејствија, а целиот настан го снимал. Додека биле во апартманот, се јавувал со видео повик кај сопругата и кај други лица барајќи од нив да му донесат кокаин за да не ја убие девојката.

- Advertisement -
Ad image

Три дена подоцна, осомничениот и го пратил видео клипот со експлицитна содржина на оштетената со закани дека ќе го објави секаде ако не му даде 2.500 евра. Жртвата ги пријавила уцените, по што било организирано симулирано примопредавање на обележани парични средства. Откако ги презел парите од жената, бил приведен.

На осомничениот му е одреден притвор. Јавен обвинител ја побарал оваа мерка од причина што има реална опасност од бегство и отпуст од македонско државјанство и постојан престој и работа во Германија. Исто така, постоел ризик осомничениот да го повтори делото кое претставува нарушување на јавниот ред, но и на половата слобода и половиот морал.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation