Москва ги смета воените вежби на НАТО во Литванија како насочени против Русија и ќе преземе мерки за неутрализирање на сите напори на алијансата насочени против Русија, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Александар Грушко, објави Киев Индепендент.
Грушко го коментираше почетокот на сојузничките вежби „Силен штит 5“, кои се одржуваат од 12 до 18 мај во округот Паневежис во Литванија, кој се граничи со уште една членка на НАТО, Латвија.
Според Грушко, Русија формира два воени окрузи и создава тенковски корпус во Карелија во северозападна Русија за да се спротивстави на НАТО.
Литванија ќе биде домаќин и на големата вежба на НАТО „Тврдина Гром 2025“ од 13 до 27 мај, во која ќе учествуваат околу 8.000 војници, десетици бродови и авиони.
– Ќе бидат преземени и други мерки што ги сметаме за неопходни за да се неутрализираат сите овие обиди за проектирање сила во насока на Русија – изјави рускиот заменик-министер според кого сојузничките вежби имале за цел „одвраќање на Русија“ и „подготовка на алијансата за можен воен конфликт“.
Литванија се граничи со руската енклава Калининград. Исто така, Литванија изготви планови за преселување на една четвртина од своето население во случај на војна.
Фото: EPA-EFE-VALDA-KALNINA