Два лица со автомобил заглавиле утрово во надојдената вода во село Стрновац во општина Старо Нагоричане поради излевањето на реката Пчиња и создавање на вирови, пожарникарите од општината ги извлекле.
– Денеска во 07:35часот по повик од 112 дека има заглавени две лица до бањата во село Стрновац-Општина Старо Нагоричане, поради излевање на реката Пчиња, територијалната противпожарна единица од Старо Нагоричане интервенираше со едно возило и двајца пожарникари, информираа денеска од ТППЕ Старо Нагоричане.
Оттаму апелираат до граѓаните на Општина Старо Нагоричане да избегнуваат движења и секакви активности по течението на река Пчиња во Општина Старо Нагоричане, доколку се здогледа лице во опасност од временските услови веднаш да пријават на 112.
Управата за хидрометеоролошки работи, информираше дека водостојот на река Пчиња кај Пелинце, утрово е 120 сантиметри, вчера бил 18 што е значително повисоко со тенденција за пораст и три пати поввисоко од просекот за ноември кој изнесува 41 сантиметри.
Центарот за управување со кризи информира дека во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар- Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
