Два бика успеаа да избегаат и да влетаат во публиката откако вратата од арената остана отворена за време на манифестација во селото Бијело Поље во Босна и Херцеговина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Два бика успеаа да избегаат и да влетаат во публиката откако вратата од арената остана отворена за време на манифестација во селото Бијело Поље во Босна и Херцеговина. Настанот ја разбранува јавноста во БиХ и ја отвори дебатата за тоа дали ваквите борби, кои се дел од традицијата на земјата, се безбедни, објави Индекс.

Според првичните информации, никој не е повреден.

Бикијадите со векови се одржуваат во Босна и Херцеговина и во Хрватска, а најпознати се Чевљанската и Грмачката корида, кои собираат до 60.000 гледачи, додека се проценува дека на најпознатите настани учествуваат до 100.000 луѓе од целиот регион и од странство.

Слично е и во Бијело Поље, каде што борбите привлекуваат илјадници посетители.

 

 

Иако во БиХ и Хрватска се тврди дека борбите не се толку крвави како во Шпанија и јужна Франција, противниците истакнуваат дека животните се изложени на непотребно насилство и стрес, а организаторите честопати ги оправдуваат настаните со традиција и со тоа дека се од културна вредност.

На борбите реагираат здруженијата за заштита на животните. Во Хрватска бикијадите обично се легални и се споменати во Законот за заштита на животните.

Она што е различно на бикијадите во Босна и Херцеговина и Хрватска, биковите се борат едни со други без учество на луѓе, а целта е да се принуди противникот да се повлече, а не до смрт.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article