Background

Државната кардиохирургија има модерна хибридна операциона сала

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска ја посетија Универзитетската клиника за државна кардиохирургија, по повод промоција на надградена хибридна сала во оваа установа, која е единствена во регионот од ваков вид.

– Продолжуваме со инвестиции од инфраструктурна и техничка гледна точка. Денеска сме тука по повод надградба на хибридната сала, што е единствена хибридна операциона сала во нашата држава и пошироко во регионот. Станува збор за современа апаратура што овозможува детекција, анамнеза и интервенција, а потоа и следење на здравствената состојба на пациентот при кардиохируршките интервенции – посочи министерот Алиу.

Со новиот компјутерски томограф, за кој се обезбедени средства од Министерството за здравство во вредност од 2 милиона евра, со најсовремени софтвери, овозможени се услови со кои земјава се вбројува меѓу водечките центри во оваа област. Софтверите на ангиографот и томографот се целосно комплементарни и овозможуваат највисок стандард во ендоваскуларниот третман, соопшти Министерството за здравство.

- Advertisement -
Ad image

– Тоа што денеска го видовме е нешто што можеме ние да го видиме овде во Скопје, во Клиничкиот центар, во зградата на Кардиологија и Кардиохирургија, но тоа не можат да го видат клиниките во Белград, во Загреб или во Љубљана, на пример. И треба да сме среќни и ваков тип на проекти треба да поздравуваме, затоа што тоа што пациентите можат да го добијат во Македонија не можат да го добијат, да речеме пациентите во Белград, Загреб и во Љубљана – рече Мицкоски.

Тој додаде дека Владата планира процесот на интегрирање на клиничкиот центар да го започне со интегрирање на кардиологија и кардиохирургија во национален васкуларен центар.

– И тој е веќе почнат со подготовки. Поради изборите би рекол дека е во фаза на подготовка, но веднаш после изборите поробустно, поинтензивно ќе продолжиме со тој процес – рече Мицкоски.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation