ДРВОТО РАСТЕ ОД КОРЕН: Зошто ВМРО-ДПМНЕ победува со ветераните, а СДСМ тоне со “омладината“

Saso
By Saso
4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Анализа на локалните избори 2025 и внатрешната динамика на македонските политички партии

Првиот круг на локалните избори во 2025 година го потврди она што политичките аналитичари го предвидуваа: ВМРО-ДПМНЕ остварува убедлива победа, додека СДСМ продолжува со слабите резултати. Но, причините за овој исход се длабоко вкоренети во внатрешната организациска структура и партиската филозофија на двата главни македонски политички блока.

Силата на континуитетот: ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ влезе во изборниот процес како консолидирана сила, со јасна стратегија која почива на основен принцип: почитување на партиското наследство. Внатре во партијата се развива генерација млади политичари кои растеа низ партиските структури – од младински организации до високи функции. Но, клучот на нивниот успех не е само во свежите лица.

Моторот на ВМРО-ДПМНЕ се ветераните – основачите и старите членови кои ја изградија партијата од нејзиното раѓање до денес. Токму оваа група претставува непоколебливата база која, без оглед на политичките понуди и искушенија, знае само за една опција. Дури и кога партијата поминуваше низ смени на лидери, оваа база остануваше цврста и лојална.

Овој модел на органски раст – каде новите генерации не ги заменуваат, туку ги надградуваат старите – се покажа како клучен фактор за стабилноста и изборната успешност.

Кризата на СДСМ: Кога подмладувањето станува слабост

Од друга страна, СДСМ влезе во совршена спротивна динамика. По серијата оставки на партиските претседатели, под влијание на поранешниот генерален секретар Миле Зечевиќ, партијата тргна по пат на радикално “помладување” со проблематична филозофија: иднината е во младите кадри, а старите се непотребен товар.

Резултатот беше катастрофален. Младите кадри, опиени од успехот и без доволно политичко искуство, почнаа да ги делат партиските функции на фамилијарна и другарска основа. Јавно коментираа дека им “преку глава им било” од старите кадри на Бранко Црвенкоски, Зоран Заев ,Бучкоски, Оливер Спасовски. Ваквата аргоганција и неискуство брзо се претворија во политичка реалност – партијата влезе во организациска криза.

Филипче меѓу две епохи

Венко Филипче, новиот лидер на СДСМ, се најде на товар на зариканиот брод. Неговата основна грешка, според аналитичарите, е што не направи целосна смена на посадата. Кадрите поставени од Зечевиќ, кои патем и понатаму влијаеја од позадина, добија доверба која не ја заслужија.

Филипче има капацитет да ја консолидира партијата, но за тоа му се потребни две работи: време и враќање на старите, искусни кадри. Потребни се итни смени низ општинските организации, враќање на партиската кохезија и, најважно, ревизија на основната филозофија: граѓанинот е пред секој политичар кој очекува негов глас.

- Advertisement -
Ad image

Политичката лекција

Постои народна мудрост која вели: “Со деца можеш да направиш само детска градинка, со возрасни лица се прави и држава.” Политичките партии се сложени механизми кои бараат рамнотежа меѓу свежината на новите идеи и мудроста на искуството.

ВМРО-ДПМНЕ ја разбра оваа лекција – дрвото расте од корен, а не од лист. Новите гранки се јаки затоа што коренот е здрав и цврст. СДСМ, од друга страна, се обиде да засади ново дрво занемарувајќи го коренот,а се водеа од лист и резултатот е видлив.

Политичката лекција за сите партии е јасна: подмладувањето не значи отфрлање на искуството, туку негова надградба. Ветераните не се товар, туку фундамент. И конечно, ниту една политичка стратегија не може да успее ако го заборави основното правило – политичарот служи на граѓанинот, а не обратно.

- Advertisement -
Ad image

Вториот круг на изборите ќе покаже дали СДСМ ќе ја разбере оваа лекција навреме, или ќе продолжи по патот на самоуништување кој го избра.

Сашо Денесовски

Share This Article