Топ Вести - Слушај сега
Екипи на ЈП „Национални шуми“, заедно со Шумската полиција фати група дрвокрадци кои подолго време ги пустошеа шумите на планината Плачковица во околината на Радовиш, извести заменикот директор на „Национални шуми“ Кире Михаилов.
Михајлов на својот профил на Фејсбук објави и видео од акцијата на апсење на дрвокрадците, по напорна бркотница низ снежните планински патеки. Притоа шумската полиција беше вооружена со автоматско оружје. Притоа се запленети два автомобили и една моторна пила, како и другиалати што ги користеле престапниците.
„Конечно на лице место фатени дрвокрадци кои пустошат на радовишка Плачковица. Заедно со Шумската полиција од ПС Скопје денеска на лице место фативме дрвокрадци кои изминатиов период правеа партал во Радовишко. Сторителите се идентификувани и против нив веднаш ќе бидат поднесени кривични пријави“ – напиша Михаилов, не наведувајќи колку сторители се идентификувани.
Во својот пост тој порачува дека „нема да има недопирливи“ кога станува збор за гонењето на дрвокрадците.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
