Background

Дожд и ветер денеска и утре, од вторник стабилно и топло

Претпладне времето е променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Попладне и во текот на ноќта ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд (над 20 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во источните делови од земјата.Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 30 степени.

Во Скопје, претпладне умерено облачно, попладне, а особено во текот на ноќта ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степенiи.

Во понеделник претпладне времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, особено во источните делови од земјата. Преку денот ќе дува засилен северен ветер (локално над 60 km/h). Од вторник времето ќе биде стабилно и топло.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation