Топ Вести - Слушај сега
Лишен од слобода е скопјанец кој физички нападал, обљубил ѝ и се заканувал на 22-годишна девојка со која претходно се запознал, соопшти полицијата.
Според МВР, на 05.03.2026 во 16:55 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Е.А.(25) од Скопско по претходна пријава дека на 23.02.2026 во неговиот дом физички нападнал 22-годишна жена со која претходно се запознале. Таа пристигнала во земјава од Германија.
Младиот маж извршил обљуба врз девојката и ѝ упатувал закани. Во периодот додека била во неговиот дом не ѝ дозволувал да излезе сама и ѝ го зел мобилниот телефон. Девојката на 04.03.2026 успеала да ѝ се јави на мајка ѝ, која ја алармирала полицијата. Полицијата пристигнала на посочената адреса и постапила по направена проценка на ризик.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по брза постапка, соопшти полицијата.
ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.
© 2025 OhridSky. Сите права задржани.
Please login or subscribe to continue.
No account? Register | Lost password
✖✖
Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.
✖
