Американскиот претседател Доналд Трамп и првата дама на САД, Меланија Трамп, беа снимени како водат непријатен разговор во претседателскиот хеликоптер, при што претседателот мавташе со прстот кон својата сопруга, додека таа одмавнуваше со главата.
Видеото е снимено во средата навечер, кога двојката се враќала од Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.
Во еден момент, 79-годишниот Трамп со прст покажува кон 55-годишната Меланија, додека седат еден спроти друг.
Снимката завршува со нивното излегување од хеликоптерот и прошетката преку јужниот тревник на Белата куќа, држејќи се за рака.