Background

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ и ќе формира зелена коалиција со граѓанскиот сектор со која ќе оди и на локалните избори

ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ и ќе формира зелена коалиција со граѓанскиот сектор со која ќе оди и на локалните избори.

Овие три одлуки, информира партијата, ги донел нејзиниот Централниот одбор  кои ја поставуваат нејзината идна политичка насока.

„Кога процесите стануваат затворени, потребна е нова насока на самостојно, јасно и идеолошки доследно политички дејствување. ДОМ коалициите ги разбира како алатка за остварување на заедничките вредносни цели, но кога тие се губат, доаѓа моментот за нова насока“,  се наведува во соопштението во врска со напуштањето а коалицијата со СДСМ.

- Advertisement -
Ad image

Партијата на локалните избори нема да коалицира со политички партии, туку со граѓанскиот сектор.

„Наместо компромиси со политички партнери без визија, ДОМ ги отвора вратите само за граѓанските сојузници кои ја споделуваат вредносната мисија за зелена, праведна и инклузивна локална политика“, се вели во соопштението

Од ДОМ велат дека оваа одлука е одговор на политичката затвореност, игнорирањето на граѓанските иницијативи и девалвацијата на меритократијата.

– „Тивките“ коалициони партнери во два наврати едногласно гласаа за ограничување на граѓанското право на учество – ги избришаа независните кандидати од изборната игра. И затоа со оваа одлука го најавуваме формирањето на „Коалиција за зелена иднина“, отворена платформа за идеи, заедничка акција и поддршка на автентични локални кандидати од граѓаните за граѓаните.  Наместо следбеници, ДОМ ќе гради инклузивни политики со соработници – велат од ДОМ.

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation