Москва е генерално задоволна од резултатите од состанокот со Украина и контактите ќе продолжат, изјавил шефот на руската делегација Владимир Медински по завршувањето на денешниот состанок во Истанбул, јави Анадолија.
– Русија и Украина се согласија да презентираат детални предлози за прекин на огнот – додал Медински.
Според агенцијата, Русија и Украина на состанокот договориле размена на по илјада воени заробеници, што е најголема размена од почетокот на војната, изјавил украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров.
– Разговаравме за прашањето за прекин на огнот. И за прашањето за размена на затвореници. Резултатот е размена на 1.000 лица за 1.000. Тоа е резултатот од нашата средба – изјавил Умеров, пренесува Би-Би-Си.
Тој додал дека датумот на размена е утврден, но нема да биде објавен јавно.
Умеров исто така рекол дека е разговарано за потенцијална средба меѓу Володимир Зеленски и Владимир Путин и оти наскоро ќе биде објавено соопштение за можна нова рунда разговори.
Разговарани се и „сите модалитети“ за прекин на огнот, додал Умеров.