Додека лежел без свест други играчи го клоцале

Lorita
By Lorita
2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Голманот на „Пчиња“ бил крвнички претепан за време на натпреварот со „Фортуна“ што се играл скопското село Сингелиќ, во рамките на Третата фудбалска лига – Север.

Натпреварот бил прекинат во 75. минута, при резултат 1:1, поради тоа што гостинските фудбалери одбиле да продолжат откако се случил нападот врз нивниот фудбалер.

Шефот на стручниот штаб на ФК „Пчиња 2015“, Часлав Вукановски напиша на Фејсбук:

„Натпреварот беше тензичен и се играше константно под притисок. Сѐ беше во ред  ѐ до моментот кога навивачите на Фортуна ја нападнаа нашата публика, тоа беа роднини и пријатели на нашите играчи, а не навивачка група! Во 75. минута ситуацијата ескалираше, беше бутната заштитната ограда и навивачите на Фортуна влегоа на терен. Еден од играчите на Фортуна кој се наоѓаше на клупата за резервни играчи физички го нападна нашиот голман Никола Стојановски кој остана без свест. Во состојба кога нашиот голман лежеше на теренот 5 или 6 фудбалери го клоцаа на теренот. Нашиот играч Боби Стојановски сакаше да го заштити нашиот голман, но и тој беше физички нападнат од играчите на Фортуна. Нешто подоцна делегатите донесоа одлука натпреварот да продолжи, но нашата екипа немаше услови за такво нешто бидејќи нашиот голман беше пренесен итно во болницата во Куманово, каде сѐ уште се наоѓа, а нашите млади играчи беа преплашени“.

Тој додаде дека надлежните од ФФМ можат да го видат сето тоа што се случило на видео снимките од натпреварот и очекува да донесат најстроги санкции за играчите на „Фортуна“.

Share This Article