Под влијание на влажна и на нестабилна воздушна маса од запад и од северозапад која е поврзана со фронаталната долина со поладен воздух на висина која од северозапад преку алпскиот регион ќе се спушти до нашиот дел од Европа, од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) во нашата Македонија времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на повремен пороен дожд, грмежи и со засилен ветер во зоната на нестабилност.
Локално атмосферските процеси ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, проследено со обилен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со услови за појава на град. И во делови од Скопскиот регион од утре (четврток 11 септември) до понеделник (15 септември) ќе биде нестабилно облачно со повремен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и со услови за појава на невреме.
Што се однесува до температурите, тие ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 32 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачува во интервалот помеѓу 31 и 32 степени.



























