Background

Доаѓа невреме со обилен дожд, силен ветер и со грмотевици

Управата за хидрометеоролошки работи издаде портокалов метероаларм за утре за обилен дожд во источна Македонија, како и жолт аларм за дожд, снег и за грмотевици за останатиот дел од земјата.

„Под влијание на циклонска активност кон крајот утре (27 март) ќе има повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни, над 20 литри на квадратен метар, а ќе има и услови за појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, а на планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира нова снежна покривка“, се вели во предупредувањето.

Утре ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Фото: УХМР
- Advertisement -
Ad image

 

Најстудено ќе биде во Маврово, со утринска температура до минус 1 степен, а најтопло во Гевгелија и во Демир Капија со максимална дневна температура до 15 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.

Поради најавените врнежи УХМР издаде и хидролошка информацција.

„Се очекуваат врнежи од дожд кои ќе ја зафатат целата територија на земјата. Иако на места се прогнозираат пообилни количини, поголемите реки се очекува да можат да ги прифатат овие врнежи без излевање на водата надвор од нивните речни корита и без предизвикување на поплави. Единствено, доколку врнежите бидат интензивни и со пороен карактер, можно е да дојде до брзо зголемување на водостојот на суводолиците и на помалите реки (со помали сливни површини). Исто така, поради можноста од појава на невреме можни се локални проблеми во дел од населените урбани места. На планините особено во западните делови врнежите се очекува да бидат од снег и да се зголеми снежната покривка што позитивно ќе влијае на хидролошката состојба во наредниот период. Поради очекуваниот повремено силен ветер од јужен правец можна е појава на високи бранови на Охридското Езеро во Охрид каде водостојот на езерото е прилично висок. На места каде врнежите локално ќе бидат поројни и интензивни предупредуваме на внимателно движење покрај суводолиците и помалите реки“, соопшти УХМР.

Потоа, во деновите од викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи со послаб интензитет. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.

Во понеделник ќе има преодно стабилизирање на времето, а нови врнежи повторно се очекуваат од вторник.

Фото: УХМР

ЗА НАС

ОhridSky е ваш доверлив извор за сеопфатно и избалансирано покривање на вестите. Со посветеност на интегритет и точност, обезбедуваме длабинско известување кое ги открива приказните што се најважни.

© 2025 OhridSky. Сите права задржани.

Login to enjoy full advantages

Please login or subscribe to continue.

Go Premium!

Enjoy the full advantage of the premium access.

Stop following

Unfollow Cancel

Cancel subscription

Are you sure you want to cancel your subscription? You will lose your Premium access and stored playlists.

Go back Confirm cancellation